Талија е фирма којашто својата работа ја започна во 1990 година и оттогаш наваму по нарачка изработува и монтира широк асортиман на лесни и тешки завеси, панелни завеси, завеси на подигнување, венецијанери, вариолајт, роло и плисе ролетни и друга пропратна позамантерија, корнизи, декоративни држачи, гајтани и траки.
Талија денес е синоним за квалитет, прецизност, врвна и навремена изработка на различни стилови завеси кои одлично се вклопуваат и одговараат и на модерните и на традиционалните вкусови на сечиј дом!
Талија се труди секогаш да биде присутна за своите клиенти и да помогне домот да стане најубавото место на светот.
Нашата визија:
„Сакај го својот дом“ е мисла која ја опишува нашата визија: да направиме од просторот во кој се престојува пријатно и топло опкружување и дом во кој е убаво да се живее. Тоа значи дека растеме заедно со нашите клиенти нудејќи соодветни решенија за различните потреби, вкусови и стилови на живот.
Нашата мисијa:
Нашата мисија е целта кон којашто ја насочуваме целокупната енергија: на своите клиенти да им пoнудиме широк асортиман на добро дизајнирани и изработени производи и тоа по цени коишто може секој да си ги дозволи и на крајот да ужива во уникатно создадениот простор.










